ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА2019-03-18T16:46:40+00:00

Правила на наградната игра

Називот на наградната игра е “Супа како главно јадење

Член 1Компанија и седиште на приредувачот

Организатор на наградната игра е Подравка ДООЕЛ – Петровец, со адреса: Мултифинкционална индустриска зона Ќојлија, ул 9 бр.4, 1043 Петровец, Р. Македонија. ЕМБС: 4276663, ЕДБ: 4030992253046

Член 2Назив на наградната игра, време и место на одржување

Назив на наградната игра е Супа како главно јадење. Наградната игра на Подравка ДООЕЛ ќе се одржи во период од 16.02. до 15.03.2019. година на подрачјето на Република Македонија.

Член 3  – Главна Цел на наградната игра

Целта на наградната игра е промовирање на супите на Подравка. Во наградната игра вклучени се следниве производи:

 
1.       БОГАТА СУПА СО 5 ЖИТАРИЦИ 80G
2.       БОГАТА СУПА СО ЈАЧМЕН И ЗЕЛЕНЧУК 70G
3.       БОГАТА СУПА СО ВРГАЊ И ХЕЉДА 70G
 

Член 4 – Правила/Услови за учествување во наградната игра

За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи една од трите богати супи (Богата супа со 5 житарици 80g, Богата супа со јачмен и зеленчук 70g, Богата супа со вргањ и хељда 70g) и да се пријавите на web страницата supa.mk, односно слика од фискалната сметка, заедно со лични податоци ( име, презиме, адреса, е – маил и број на телефон) да се внесат во онлајн формуларот за пријавување. Иста фискална сметка може да се пријави само еднаш.  Ист корисник во наградната игра може да учествува со повеќе фискални сметки, но не може да освои повеќе од една награда. Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани со место на живеење во Р. Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ, односно членовите на нивните потесни семејства.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Член 5. – Награден фонд

  Награди Број на награди Вредност на наградите во денари Вкупна вредност на наградите во денари
1.

Мобилен телефон Samsung S9+

(Samsung Galaxy S9 Plus G965FD 64GB Dual Sim Midnight Black)

1 41,406 41,406
2. Сет тенџерчиња од Металац 10 2,000 20,000
  ВКУПНО 11   61,406

Вредноста на наградниот фонд е дадена со пресметан ДДВ

Наградниот фонд е утврден исклучиво од производи и услуги кои добитникот не може да ги замени за пари или слични производи и услуги кои не се наведени во наградниот фонд.

Член 6Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето на имињата на добитниците на награди ќе се одржи на 18.03.2019, а во него влегуваат пријави кои пристигнале заклучно со 15.03.2019. до 23:59:59 часот.

Извлекувањето ќе се одржи по компјутерски пат во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија , односно ќе биде направен записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата и адресите на добитниците. Комисијата ќе провери дали се исполнети сите правила на учество од Член 4 од овој Правилник.  Пријавите кои не ги исполнуваат условите од Член 4 од овој Правилник, нема јавно да се објавуваат, а истите ќе бидат посебно водени и записнички утврдени.

Доколку во наградната игра се пријават помал број на учесници од бројот на награди кои се предвидени во наградниот фонд, ќе се доделат онолку награди колку што имало учесници во наградната игра.

Член 7Објавување на резултати од извлекувањето

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени на 18.03.2019 на интернет страницата supa.mk и на официјалниот Фејсбук профил на Подравка.

Организаторот ќе ги извести победниците во рок од осум (8) дена од денот на извлекувањето по телефон и во писмена форма. Крајниот рок за преземање на наградата е 30 дена од денот на приемот на писменото/телефонското известување за наградата.

Доколку победникот не ја преземе наградата во рокот определен во овој член, Организаторот одново писмено ќе го извести победникот за наградата во рок од осум (8) дена од истекот на рокот за подигање и ќе постави дополнителен краен рок за подигање на награда кој нема да биде пократок од 8, а не подолг од 15 дена од датумот на примање на новото известување. Ако добитникот ниту во дополнителниот рок не ја преземе наградата, го губи правото на истата.

Член 8Начин на преземање на наградите

По верификацијата на податоците и потврда за исполнување на условите за учество, сите награди ќе бидат испратени по пошта најдоцна до 01.04.2019. Сите обврски на Oрганизаторот кон победникот престануваат по приемот на наградата или со потписот на документот за преземање на наградата од страна на победникот или од овластено лице

Член 9 – Начин на запознавање на учесниците со правилата на наградната игра

Учесниците ќе бидат запознаени со правилата на наградната игра на веб-страницата на Подравка supa.mk или на официјалниот ФБ профил на Подравка Македонија од 14.02.2019 година. Со учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат обврските од Правилата на наградната игра.

Член 10 – Идентификација на добитникот на награда

Сите победници се обврзани да го потврдат својот идентитет, по преземањето на наградата, со своја лична карта.

Член 11 – Погрешни и неправилни пријави

Погрешни и нецелосни пријави се неважечки и не му даваат на сопственикот право на било каква награда. Во никој случај не смее да се доделат повеќе награди од наведената количина од Член 5 од овој Правилник. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети, изгубени или погрешно испратени пријави.

Член 12 – Права на објавување и сопственост на медиумските содржини

Учесниците се согласуваат дека доколку тие станат добитници на некоја од наградите, нивното име, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи за промотивни цели преку сите медиуми, бесплатно. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопственост на медиумските содржини што произлегуваат од наградната игра и од доделувањето на наградите. Од добитникот се бара целосно да соработува со Организаторот во врска со креирањето и објавувањето на медиумските содржини од наградната игра.

Член 13 – Право на приговор и Решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор меѓу Организаторот и учесниците во наградната игра “Супа како главно јадење”, надлежен е Основниот суд Скопје 2.

Член 14 – Можност за престанок на наградната игра

Наградната игра може да се прекине само во случај на виша сила.

Член 15 Валидност на правилата на наградната игра

Овие правила се применуваат откако ќе се објави повик за учество во Наградната игра на интернет страницата supa.mk и ќе важат до крајот на наградната игра.

Учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени во овие Правила, ги прифаќаат одредбите на истите, при што овие Правила се задолжителни за учесниците и ќе се применуваат од денот на добивање на потребната согласност од Министерството за Финансии на Р. Македонија и нивното објавување до Учесниците и ќе важат до истекот на рокот за подигнување на наградите.